2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кочо Анѓушев, вицепремиер: Со изградба на фотоволтаични електрани Започнува енергетската транзиција во РЕК Осломеј и РЕК Битола

Октомври 14, 2019

Електростопанство на Македонија ќе биде главно  насочено кон развој на обновливите извори на енергија,а веќе оваа недела ќе биде потпишан договорот за изградба на фотоволтаична електрана на местото на стариот рудник Осломеј со инсталирана моќност од 10 мегавати, веднаш потоа ќе следат  дополнителни 10 мегавати инсталирана моќност како инвестиција на ЕСМ, а следува и изградба на две фото напонски електрани од по 50 мегавати на истата локација, на принцип на јавно приватно партнерство.

Ценам дека ова е првата или најголема  енергетска транзиција не само во нашата држава, туку во целиот регион. Дополнително се планира изградба на фотоволтаични електрани и во рамките на РЕК Битола, а  веќе е во процедура изградбата на фотоволтаици со инсталирана моќност од 62 мегавати на државно и приватно земјиште, врз основа на јавен повик. Ветерниот парк во Богданци ќе биде надграден со дополнителни 16 мегавати,  а во план е и јавен повик за изградба на хидро централата Чебрен, со што се очекува во наредниот период производството на електрична енергија од обновливи извори да се зголеми за дополнителни 350 мегавати инсталирана моќност.  Со ова покжуваме јасна посветеносот на државата кон обновливите извори на електрична енергија, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев, при денешнта посета на РЕК Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани