2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Не за врби, мостови и споменици, власта вложува 2,5 милиони евра за клима инвертери во Битола, рече претседателот на Советот Груевски

Октомври 15, 2019

Место пари за пари за врби, мостови и споменици, оние што вчера рековте дека прошетале низ Битола, таа влада или тие Електрани издвојуваат 2 и пол милиони евра за набавка на клима инвертери во општина Битола. Кажете кога претходната Влада одвоила два и пол милиони евра и за што за Битола? Одберете ја областа која ја сакате и кажете 2,5 милиони евра дадовме дали за амбиенталниот воздух, вработувањата, за економијата, патиштата околу Битола итн, итн. Вака претседателот на Советот Валентин Груевски денес им возврати на советниците од опозицијата кои ги критикуваа краткорочните мерки за животна средина што ги гласаше Советот.

 

Во мерките спаѓаат акции за засадување на брзорастечки дрвја, кастрење на дрвјата низ главните улици во градот за подоро струење на воздухот, редовно и темелно миење и чистење на улчиците во градот и надвор од предвидената програма, продолжување на чистењето на диви депонии низ градот задолжително еднаш месечно во координација со ЈП Комуналец и Нискограда, спроведување на прекршочни мерки врз субјектите кои создваат диви депонии, задолжително засадување и одрживање на постоечките зелени површини, чистење на коритото на реката Драгор, итно ставање во функција на Еко центарот со активности од веќе донесената програма, зголемување и зајакнување на човечките капацитети во Општина Битола за заштита на животната средина, соработка со научни инстуитуции за изработка на стратегија за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух 2020 -2025 година и изработка годишен извештај за загадениот воздух.

Советниците од опозицијата критикуваа дека мерките се носат два дена пред грејната сезона, популистички и дека нема многу да придонесат за подобрување на амбиенталниот воздух.

„Само слушаме дека гасификацијата е до Тополчани, Карамани, а секундарна гасоводна мрежа нема. Во овие две години имаме три пати поголемно згадување од претходно. Сами на себе да си признете дека државата е најголемиот загадувач зашто во Битола само за загревање на објектите што ги користат институциите кои се под капа на локалната и централната власт се трошат над 2,5 милиони евра за фосили горинав и огревно дрво. И на крај со расипнички, популистички мерки со инвертер клими ќе го решаваме загадувањето , не дека не треба, меѓутоа тоа е далеку од суштинско решавање на проблемот. Да објасните како клима инвертер на минус 40 степени во Битола со огромна влага во воздухот и магла ќе ги постигне перформансите поропишани со тестирање на плус 7 степени Целзиусови“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од „Понаку“ бараа да се формира еко патрола која ќе биде во склоп на некое јавно претпријатие или засебно, што не беше изгласано. Воедно прашаа колку во Битола ќе се намали загадувањето со 2500 набавени инвертер клими.

„За гасификацијата ни одбројувате редовно уште десет, осум , шест километри до Битола и еве ја стигна. Ние како општина немаме секундарна мрежа за гасификацијата нити имаме некаков план како ќе ја спроведеме . Ако мислите дека тоа е еден од начините на кои ќе се реши аерозагадувањето во Битола досега требаше да работиме на промена на системите за греење во јавните институции, големите капацитети на гас. Во почетокот да биди по типот на резервоари покрај сите институции до стигнувањето на секундарната мрежа. Но, оваа година Општинан Битола за потребите на Општината, основните училишта, градинките и јавните институции набави мазут од 41 милион денари и дрва за загревање на училиштата во вредност од 2 милиони денари“, рече Иван Чулакоски од „Поинаку“.

Претседателот на Советот Валентин Груевски рече дека она што е преземено во изминатите две години од оваа локална власт е сто, двесте, петстотини пати повеќе од она што беше преземено од претходната власт во претходните 12 години.

„2500 клими се во прашање и 2,5 милиони евра , како сакте семтајте ги , потценувајте ги , омаловажувајте ги , тоа е инвестиција која ќе ја уживаат граѓаните на Битола. Потценувате за гасаводот, јас ви кажувам дека ќе има секундарна мрежа, оти едно време никој не веруваше дека ќе има и гас, па ете стигна до Битола. Никако не признавте дека на Пелистер се гради пречистителна станица и да ќе можеме да пиеме чиста изворска вода на Пелистер. Се надеваме дека до крајот на годината таа прочистителна станица кај Трново ќе биде пуштена во функција, а во следните години ќе се продолжи за да се зафтат сите води вклучувајќи го и хотел Молика. Знам дека со Владимир Талески го изгласавте проектот, но кажете кога го почнавте, колку пари потрошивте во тој проект, нула“, рече Груевски.

Тој возврати и на критиките дека Општината ќе набавува автобуси и комбиња. „Сега малку ни биле четири со четири- осум, зашто вие набавивте најверојатно 80 ама не можеме да ги видиме каде се“, им рече Груевски на опозиционерите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани