Филипче: Да ги почитуваме мерките кои ќе не заштитат од евентуален нов бран по празниците

Април 25, 2021
Фото: ФБ профил на министерот Венко Филипче Фото: ФБ профил на министерот Венко Филипче

Дали рестрикривните мерки и полицискиот час ќе бидат продолжени и следната  недела,  се очекува Комисијата за заразни болести утре да ја донесе одлуката. Министерот за здравство Венко Филипче, апелира на одговорно однесување пред и за време на празниците.

 

"Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. Има многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот. 

Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет. Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците, напиша на ФБ министерот за здравство Венко Филипче.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани