АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Важно ни е општините да можат да ги сервисираат потребите на граѓаните а не само на вработените. Се планира успешните општини, пред се тие што успешно ќе управуваат со своите приходи од локалните даноци и такси да бидат дополнително наградени од државата, како и систем за поддршка на помалите општини кои што немаат доволно сопствени извори за финансирање, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на онлајн состанокот со Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.
- Ковид кризата влијаеше и на функционалноста на општините, преку зголемување на трошоците за дезинфекција на јавните површини, за поддршка на граѓаните, намалена наплата на локалните даноци, такси и услуги пред се поради стравот на граѓаните од ширење на контакти. Во 27 општини е регистрирано опаѓање на приходите, а во 49 се намалени инвестициските активности што дополнително има влијание на развојот и на услугите, рече министерот Милевски, кој истакна дека во овие вонредни околности општините со конкретни мерки на намалување на некои локални такси ги подржале локалните бизниси и локалната заедница, а и централната власт наменски ја помогнала работата на јавните претпријатија со цел услугите да се извршуваат непречено и во периодот на здравствената криза“, рече министерот.
Главна тема на дискусијата беше процесот на децентрализација, финансиските капацитети и ресурси на општините, нивните развојни можности, влијанието на Ковид кризата на функционалноста на општините, на соработката на централната со локалните власти и со ЗЕЛС, како и на меѓуопштинската соработка.
- Работната група за продолжување на процесот на децентрализација има за цел да ги заокружи работите пред локалните избори и новите градоначалници да го започнат својот мандат со проширени надлежности, но и со повеќе средства за финансирање на изворните надлежности од ДДВ, од персоналниот данок и други извори на приходи, но се ќе зависи од функционалноста на Собранието и развојот на Ковид кризата, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Тој истакна дека Владата по изборите во 2017 година изрази силна политичка поддршка за продолжување на процесот на децентрализација, а веќе од 2019 година работите почнаа и суштински да се менуваат со реализација на конкретни активности.