2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Во овие мигови во Битола се случува евакуација, односно вистински егзодус на населението. Стотици, можеби илјадници возила, во колони се упатуваат кон излезите од градот и бараат безбедно засолниште надвор од него. Цели семејства, заедно со децата, бараат спас во селата, викендиците или кај роднините подалеку од градот. Некои палат логорски огнови и ноќта ќе ја поминат во дружење и со топла ракија.

Чудно е тоа - илјадници луѓе, кои никогаш не читале геофизика или динамика на конструкции, истовремено доаѓаат на една иста, бескорисна идеја. Веројатно поттикнати само од стравот, емоциите, паниката и потсвеста, прават нешто само колку за да се каже дека прават. Би требало да знаат барем две работи.
Прво, најбезбедното место за време на земјотрес е токму станот, доколку живеат во градби изградени во времето на Југославија, според тогашните строги, асеизмички прописи. Никакво возење со лифт или трчање по скали, бидејќи тие се најранливите места во секој објект.
Второ, при главниот удар на земјотресот се ослободува главнината на енергијата. Сите последователни удари (афтершокови) ослободуваат сé помала и помала енергија, како што тектонските плочи наоѓаат нова положба на минимум потенцијална енергија, а раседот се смирува.
Тоа значи дека тоа што бидна - бидна. Сега е бесмислено бекството. Во следните денови ќе има серија афтершокови, коишто ќе можат единствено инструментално да се регистрираат, а единствено посилните ќе ги почуствуваме самите.
Би било добро доколку некој професор од ИЗЗИС излезе на телевизија и ги објасни овие работи, за да се избегне непотребниот метеж и малтретирање на населението“,  напиша професорот Дејан Трајковски на неговиот фб профил. 

Ви ја пренесуваме последната математичко статистичка анализа на универзитетскиот професор од Техничкиот факултет во Битола, др. Дејан Трајковски

Оптимистички прогнози доаѓаат од  статистичката анализа за сосотојбата со КОВИД-19 на  професорот од Техникиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека експоненцијалниот раст нема повеќе забрзување, туку преминува во линеарен. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани