2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Покрај завршените проекти за рехаблитација на неколку регионални патни правци во општините Новаци и Могила, во наредниот период , со пари од државниот буџет, но и со средства обезбедени од меѓународни финасиски институции, се најавуваат и други проекти за подобрување на патната инфраструктура во овие две општини.

Министерот за здравство Венко Филипче денес ги посети жителите од Општина Новаци со кои разговараше за референдумот и придобивките што Македонија ќе ги има од влезот во НАТО и ЕУ.

„Жителите на Општина Новаци ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија. Предностите од членството во НАТО кој е најголем безбедносен сојуз во светот во овој момент се огромни. Тоа значи гаранција за нашата безбедност, гаранција за нашите граници. Членството во ЕУ прво го гарантира економскиот напредок, се отвораат огромен број на фондови, а тоа значи и големи инвестиции во нови фабрики, училишта, болници, инфраструктура, сето тоа значи зголемен број на работни места, поголеми плати и стандард за нашите жители, тоа значи дека младите ќе останат во нашата земја.

Повеќе од 60 деца од Танцовиот- спортски клуб „Експоуз“ од Битола настапија со свој незаборавен танцов хепенинг во рамките на Културно-забавно лето во Новаци. Танцовиот хепенинг "Експоуз танцува и Новаци танцува" се одржа во дворот на Општината.

Присутните гости беа воодушевени од од најразлични танци и кореографии на танчерите од различни возрасти. Тие настапија во најразлични поединечни и групни изведби покажувајчќи ја својата умешност да играат по ритамот на музиката.

Стартува  двегодишниот проект „Одржливо менаџирање на агроотпадот за загревање на руралните области - AGROWCHAIN“ каде партнери се пелагониската општина Новаци и грчката општина Аминдео. На состанокот што вчера се одржа во Аминдео, Грција  присуствуваа сите партнери во проектот, а се разговараше за начинот на имплементација, следните активности на секој од партнерите и начините на комуникација.

Главната цел на проектот е да подобри управувањето со агроотпадот.

-Општина Новаци се соочува со проблем во однос на менаџирањето со агроотпадот. Општината менаџира со голем број на одводни канали, во чиишто корита неконтролирано расте трска, шамак и трева, кои доведуваат до затнување на истите. Заради тоа, ќе се создаде синџир на снабдување со отпад до селектирани корисници кој ќе се користи како гориво за загревање на градинката  во Новаци. Синџирот за снабдување ќе вклучува собирање на отпад, негов третман со цел да биде компатибилен за согорување во котел за биомаса. Создавањето на одржлив синџир на снабдување ќе го трансформира агроотпадот во корисно обновливо гориво што би резултирало со очигледен еколошки и економски бенефит . За таа цел за да можеме да го реализираме цел овој процес ќе набавиме опрема односно трактор со приколка, машина за балирање, хидраулична машина за чистење на канали и речни корита, котел за греење, рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Главен партнер во проектот е општинското претпријатие за загревање на поширокиот регион на Аминдео- ДЕТЕПА, а како останати партнери од грчка страна се Центар за обновливи извори на енергија и заштеда CRES и Кластерот за бионерегија и животна средина на Западна Македонија CLUBE  (ГР). Додека од македонска страна водечки партнер е Општина Новаци и Агенција за поддршка на развојот за земјоделството АПРЗ Битола која се јавува како партнер.

Жителите на Новаци имаа можност да ја проследат хумористичната претстава „Лабуд и фамилија Марковски“ во изведба на „Солза и смеа“, која заради неповолните времеснки услови, наместо во дворот на Општина Новаци,  се изведе во општинската сала. Токму ограничениот простор беше причината што дел од љубителите на добриот хумор немаа можност да ја проследат претставата, поради големиот интерес и посетеноста на овој настан. Но, организаторот најавува уште една можност за сите заинтересирани. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани