АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ѓуро Илиќ е назначен за нов претседател на Општинската изборна комисија во Битола. Илиќ е со долгогодишно работно искуство од над 30 години во Општина Битола, а над 20 години е раководител на Секторот за правно-нормативни административни и општи работи при Општина Битола. Се чека официјално објавување во Службен весник, потврдија за апла.мк од Општина Битола. Илиќ доаѓа на местото на Зоран Насев кој пред извесен период го напушти работното место во Општината и замина во приватен сектор.
Едно од ретките, а можеби и единствено оваа година Техничкото училиште во Битола реновира два кабинети со странска донација како и одводот и доводот во 8 училници. Санацијата се извршува со финансии од Општина Битола во висина од 171 000 денари и помал дел со сопствени средства.
При денешната посета на школото можеше да се види што се е заменето и во која состојба била инсталација, зарѓени цевки, дотраени инсталации, влага по ѕидовите. Но, она што се обновува и реновира особено новите кабинети ветуваат подобрување на состојбите.
Општина Битола работи на усогласување на проектите за изградба на гасификација и топлификација во Битола.
-Во фаза на евалуација на доставените понуди од страна на ЕЛЕМ Скопје усно и писмено, Општина Битола е информирана дека проектот топлификација на Битола е повторно актуелен.
Високите темпeратури кои се најавени и за следните денови носат зголемена опасност од појава на пожари. Во насока на превентивно делување, Одделението за јавни дејности при Секторот за економски развoј, јавни дејности и информатичка технологија во Општина Битола, ги известува и потсетува граѓаните дека е забрането палење на стрништа и оган на отворен простор.
Општина Битола подготви проект со кој ќе аплицира до ИПА 2 фондот на Европската Унија за добивање на грант кој планира да го искористи за реставрирање на Офицерскиот дом. Проектот е насловен „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом заедно со партерно уредување. Доколку се одобри апликацијата, Општината ќе добие над 71 милион денари, а сама ќе мора да кофинансира десет проценти од износот. На денешаната седница, советниците дадоа согласност Општината да учествува во проектот со 7,6 милиони денари. Доколку им го прифатат проектот, Офицерскиот дом ќе треба да се реставрира до крајот на 2019 година..