2win800x200

Градоначалникот Тони Коњановски веднаш да го објави идејното решение за просторот кај поранешен ЈАТ! Како ќе ги руши гаражите дури јавноста нема јасна и прецизна слика:

- што е предвидено во Деталниот урбанистички план за овој простор? Отворен паркинг или катна гаража со трговски центар и дуќани кои треба да завршат во рацете на ДПМНЕ?

- какво е сообраќајното решение за просторот? Колите ќе вртат десно од поштата, ќе поминуваат низ амбиенталната улица кај Пионерски, низ пешаците?

- станарите од зградата кај ЈАТ, над 300 на број, за гаражите плаќаат данок на имот, што значи тоа се објекти во нивна сопственост. Општината ќе руши кај сака и кога сака низ Битола?

- на која страна во изборната програма, Коњановски има ветено нешто за просторот кај ЈАТ? Се што ветуваше реализира, па уште ова му остана, праша Бојан Стефановски од СДСМ Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани