АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со традиционалниот прием на претставници од општинската организација на Сојузот на борци, во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, започнаа денешните настани за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола.
Со ФБ статус насловен „Можите да го “убиете” гласникот, но не и неговата порака“, напишан на битолски дијалект, денеска се огласи претседателката на Советот Габрилеа Илиевска. Таа меѓу другото напиша дека после една година собра храброст и се враќа на герилите и јавниот притисок како, наместо едногодишната тивка и институционална битка и се пожали дека некој пред извесно време и испрати напечатен некролог.
-Ќе почнам од крајот и континуирано ќе пишам бидејќи нема друг начин, во општество, држава, град, каде секој сантиметар е партиски трул и секој милиметар здраво граѓанско крило се “полева со отров”, за да го снема и да нема кој да биди гласен. Пред неколку недели ме “поздрави некој” со печатен мој некролог, па затоа еве јавно го поздравувам дека не се плашам од ништо освен од она шо моментално и се случва на Битола. Претседателот на совет не можи сам да носи одлуки, тоа е колективно тело, кое носи одлуки со МНОЗИНСТВО гласови, така да очигледно е дека “газдата”, не велам градоначалникот, оти не знам дали го имаме, единствена војна која води е против три независни советници, а најмногу против една жена, за која е најлесно да се напаѓа лично … бидејќи нема шо друго. Ребаланс на буџет е трошење пари на битолчани и се додека не знаеме точно кој, каде, зошто ги бара и троши не можи и не треба да биди тема за лажни вести и лажно извртување на вистината, напиша Илиевска
Линк до ФБ статусот на претседателката на Советот Габриела Илиевска
На ваквиот ФБ статус на претседателката на Советот Габриела Илиевска, денеска во еден дел од своето обраќање насловено „КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО БИТОЛА ПРОДОЛЖУВААТ ДА БИДАТ ПРИОРИТЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ГРАЃАНИТЕ“ и одговори градоначалникот Тони Коњановски
-Советничката која милува на социјалните мрежи да каже дека Битола има „газда“, ќе ја потсетам само дека, единствени газди на Битола, се битолчани, а сите ние имаме должност кон нив, рече Коњановски меѓу другото во своето обраќање кое апла интегрално го објави денеска