АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудуваат навредите и пцостите на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кој денеска ги упати кон колешката, Емилија Мисирлиевски.
Со реакција за просторот зад некогашниот Пионерски дом во Битола, каде се отсранети гаражите и сечени дрвја, се огласија и битолските социјалдемократи
Деновиве моето име и името на мојот дедо Пецо Гудовски го изговараат оние кои, во едно не така дамнешно време, не смееја, а и не сакаа да го спомнат. Тоа се истите оние кои борците од НОБ и НОВ ги избркаа од своите простории, а сега ги „позајмуваат“ нивните имиња за еднократна и провидна употреба.
По вчерашниот демант на пресот на СДСМ што го испратија од Општина Битола дека за 2022 година е планирано да се набават возила во износ од 3 милиони денари или 50 илјади евра, а не како што тврди СДСМ од 13 милиони денари, денеска од локалната опозиција испратија реакција проследена со докумнет дека сепак со Буџетот за следната година се предвидени 13 милиони денари за набавка на возила
„Ова е почитувани битолчани документ кој потврдува дека градоначалникот Тони Коњановски или не знае што има предвидено во Буџетот за 2022 година или ја лаже јавноста. За нови возила не се предвидени 3 милиони денари како што тврдат од општината, туку точно 10.494.252 денари. Плус ДДВ се доаѓа до сумa од околу 13 милиони денари. Затоа уште еднаш прашуваме колку и какви нови возила планира да набави Тони Коњановски со 13 милиони денари, односно со над 200.000 евра? Зошто во услови на здравствена, економска и енергетска криза приоритет на новиот градоначалник Тони Коњановски е купувањето на нови возила? Коњановски не дава пари за субвенции за клими, нема за катни гаражи, нема за велосипедски патеки, нема за ново училиште во Буковски ливади, ама има за нови возилаБараме градоначалникот Тони Коњановски да се откаже од набавката на новите возила во кои сака да ужива додека граѓаните мака мачат со секојдневни проблеми. Парите предвидени за нови возила Коњановски да ги пренамени за кошаркарскиот клуб или за проект за катна гаража или за документација за велосипедски патеки“ се наведува во рекацијата на СДСМ.