АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Играорци од „Хрватско културно друштво ШИД“ од Србија , денеска пред 16 часот кај Предајане во Грделичка клисура во Република Србија враќајќи се од Битола каде беа гости на фестивалот „Илинденски денови“, доживеале тешка сообраќајкна несреќа во која за среќа нема жртви, само повредени. Во сообраќајката учествувале две возила и автобус и според српските медиуми од автобусот каде биле играорците од 33 патници имало дваесеттина повредни. Сите се хоспитализирани и укажан им е лекарска помош.
38 годишен битолчанец рано утрово околу 4 часот со џип нисан удрил во кружниот тек кај Педагошкиот факултет во Битола. При ударот оштетил дел од ѕидот и урнал една од канделабрите, а филџанот кој е обележје на кружниот тек остана неоштетен.