Анета Блажевска

Анета Блажевска

Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат

 

Децата од Битола некогаш со големо нетрпение чекаа да дојде Иванден, еден од големите христијански празници од летниот циклус кога се слави раѓањето на Свети Јован Крстител. Нетрпеливо чекаа зашто на тој празник адет беше да се организира детска маалска свадба, односно да се спроведи на дело обичајот Тајане-Бојане. Од дечињата во улицата се одбираа зет, невеста, свекрва, кум, девер и сватови. Се полнеше ѓумче со вода од три чешми зашто во тоа време сѐ уште функционираа малските чешми. Се закитуваше со цвеќиња. На главите на девојчињата се стваа венчиња од цвеќиња зашто со Иванден од памтивек биле поврзани верувања за моќта на цвеќињата.Секој се облекуваше согласно улогата што ја имаше. 

И така свадбената поворка тргнуваше од куќа во куќа пеејки ја пригодната песна Тајане-Бојане:

Тајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,

ункеши, ункеши, ункеши по маглата.

По магла, по магла, по магла ситна роса,

по роса, по роса, по роса мома боса.

Играле момите крај манастирот,

калуѓер гледа од пенџериња,

фрли си шапка на герамиди,

од герамиди на трендафили.

Домаќините кои ќе им ја отвореа вратата на дечињата им дава прехрамбени продукти од кои најчесто можеше да се замесе зелник. Тоа беа јаца, брашно, масло, а и пари за да купат зелје за суканицата. Откако ќе помнеа неколку часа низ околните маaла збирајќи храна, на крај избираа повозрасна жена домаќинка од нивната улица која ќе им направеше зелник. Него сите заедно го јадеа.

Ваквиот начин на одбележување иако немаше некоја верска порака, а се верува дека е поврзан и со словенската митологија, сепак имаше длабоко социолошко значење. Децата сами се организираа да направат такакажано маалска свадба, да се подготват, да ги прифатат своите улоги дека некој ќе биде зет, а друг сват, да обезбедат храна притоа дарувајќи песна и што е најважно да се дружат, да го поделат оброкот. Сите битолчани кои учествувале во овие адети денес со насмевка на лицата се сеќаваат на тие денови. За жал, празнувањето на Тајане-Бојане денес го има се помалку. Мал е бројот на маала каде адетот се одржува, а  се помал е и бројот на „свадбари“.

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика!!! Македонските олимпијци повторно се подготвени да ги одмерат своите знаења со најдобрите млади физичари од светот, објави Друштвото на физичари на Македонија.

Денес тимот замина за Букараманга, Колумбија, каде од 4 до 12 јули 2026 година ќе учествува на 56. Меѓународна олимпијада по физика.

Македонија ќе ја претставуваат:

- Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
- Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје
- Панче Крстев, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје
- Андреј Доневски, III година, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
- Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје

Водачи на тимот се:
- проф. д-р Ламбе Барандовски – редовен професор на ПМФ во Скопје и претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија
- д-р Христијан Кочанковски – претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ

"Искрена благодарност упатуваме до Природно-математичкиот факултет – Скопје и Институтот за физика за континуираната поддршка и обезбедените услови за подготовка на олимпијците.

Учеството на македонскиот тим на 56. Меѓународна олимпијада по физика е поддржано од Министерството за образование и наука, кое во целост ги покрива трошоците за котизација и патување, објави Друштвото на физичарите на Република Македонија.

Луксузниот службен автомобил „Ауди А6“ кој за Општина Струга пред седум години го купи поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, денеска е продадено на јавна аукција за околу 22.000 евра, објави општината на социјалните мрежи, објави Слободен печат. 

"Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник на Општина Струга, денеска беше продадено за 22.000 евра, со што се намалува јавниот долг на нашата општина. Возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација. Овој пристап, насочен кон намалување на трошоците и на јавниот долг, ќе ни помогне во наредните години да создадеме услови за уште поголем развој на Општина Струга“, објави локалната самоуправа на Фејсбук.

Продажбата на автомобилот одеше преку извршител, кој пред четири месеци го заплени „Аудито“. Со парите ќе се враќаат дел од општинските долгови. Според Општина Струга, на јавната аукција учествувале деветмина заинтересирани понудувачи од Струга, Охрид, Битола и од Скопје, а највисоката понуда за автомобилот ја дала фирма од Битола.

Заменик министерот за економија Марјан Ристески денеска беше во посета на Битола на Агенцијата за вработување, со што го заврши двонеделниот инфо-караван за промовирање на мерката за самовработување. Ристески оствари средба со раководителката на Агенцијата за вработување Јешим Сејфуловска.
-Жителите на Битола покажаа голем интерес за оваа мерка и заклучно вчерашниот ден пристигнаа 180 апликации, објави Ристески. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорот на ЕСМ Молика Горан Исков.  FB_IMG_1783111181680

– Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.

Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.

– По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода 57-годишниот Е.Р. и 20-годишниот Е.Р. двајцата од село Обедник, Демир Хисар.

При извршен претрес во нивниот дом во село Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети.

Исто така вчера, во 09:45 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода 61-годишниот Р.М. и 35-годишниот Р.Ш. двајцата од село Обедник, Демир Хисар.

При извршен претрес во нивниот дом во село Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар. По документирање на настаните против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок. објавува Журнал.мк

Страница 1 од 1745

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани