
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 20 ноември, Светскиот ден на правата на децата, Комисијата за образование при ОО СДСМ Битола организираше трибина заедно со комисиите за образование од Пелагонискиот регион и Централната комисија на тема ,,Да градиме здрави генерации -заедно против меѓуврсничкото насилство".
Албанскиот претседател Бајрам Бегај при посетата на Битола по повод 115 годишнината од унифицирањето на албанската азбука рече дека е оптимист за евроинтеграцијата на двете држави, Македонија и Албанија, и покрај грчката најава за вето на нивната држава и бугарското вето за Македонија.
,,По природа сум оптимист и треба да гледаме оптимистички. Како што пред 115 години нашите преродбеници биле оптимисти, така и ние треба да бидеме. Го посакувам најдоброто за нашите два народа во еден најкраток можен пат кон ЕУ и едно поубаво утре за нашите деца со просперитет и мир во регионот", рече Бегај.
Тој изрази благодарност до властите што Денот на албанската азбука 22 Ноември е прогласен за национален празник што покажува за добрите меѓусоседски односи и дека соседите треба да се почитуваат меѓусебе и симболите на народите.
Конзулот на Албанија во Македонија Имет Селмани рече дека треба не само од симболичен аспект, туку од суштински да станеме Европјани и да ги воведеме европските стандарди.
,,Идејата е не само во ноември туку и во текотна цела година Битола да биде дестинација на туризмот каде од Косово, Албанија, Прешево, Црна Гора и секаде каде живеат Албанци да дојдат тука да го посетат градот, во еден космополитски градот да го почувствуваат духот на минатото , но и толеранцијата и соживотот на денешницата", рече Селмани.

