2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола ќе добие Регионален ресурсен центар за слепи лица

Јуни 19, 2018

Регионален ресурсен центар за слепи лица ќе биде отворен во Битола, а во неговото финасирање покрај битолската општина, ќе учествуваат и општините Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци. Станува збор за центар кој ќе биде место за различни активности на слепите лица од овој регион.

Во наредниот период општините ќе формираат комисија која ќе ја спроведува оваа меѓуопштинска соработка, ќе именуваат членови во заедничката комисија, а секоја од општините ќе издвојува по 5 проценти од буџетот наменет за финансирање на невладинито сектор.

Општина Новаци, на денешната седница на Советот, веќе донесе одлука за избор на членови во оваа комисија и издвојување на средства за ресурсниот центар. 

Неодмана градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, потврди дека се работи на реализација на овој проект и дека се бара соодветна локација каде ќе биде сместен Регионалниот ресурсен центар за слепи лица во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани