2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нова книга на Литовски за отрезнување од „Нашето националистичко пијанство“

Јули 13, 2018

Колумните што историчарот Александар Литовски ги пишуваше во периодот од 2015 до 2017 година, како општествно политичка дијагностика на дотогашниот режим, а според рецезентите со својата острина беа како глас во пустината, испечатени се во книгата „Нашето националистичко пијанство“.

Книгата која на 516 страници содржи 106 колумни на авторот Литовски, беше промовирана синоќа во битолската Магаза во присутво на претставници од државната и локалната власт, пратеници, историчари и други општествени дејци од Битола. Тоа се колумни што докторот по историја Литовски ги пишуваше во неделникот „Глобус“ и во весникот „Слободен печат“.

37086488 425854981231207 5849232268689670144 n

ромоцијата на книгата собра претставници од власта, но и голем број интелектуалци)

Историчарот Љубица Јанчева како рецезент на книгата рече дека таа е „разобличување на десетгодишнината од некогашната самонаречена преродба која авторот во колумните ја компарира со халусцинациите, пијанството за наводното бесплатно бањско лекување и скијање на пензионерите, бесплатните ученички и студентски автобуски билети, за наводната загрозеност од Албанците, Србите, Бугарите, Грците, Американците“.yy

(Авторот на книгата Александар Литовски рече дека излеговме од еден режим, но далеку сме од она што оваа држава и народ залсужуваат- слобода, моралност и човечко достоинствено живеење)  

-Заедничка алка која ги поврзува колумните е историјата, движејќи се по патеката од приспособување на историјата за дневно-политички потреби се до нејзиното искривоколчување преку инкорпорирање на античката македонска историја за наша национална. Ламентира за неодбележувањето на јубилејот 100 години од смртта на Јане Сандански. Ламентира за маргинализирањето и уништувањето на делчевизмот, наспроти чествувањето на Делчев- рече Јанчева.

Литовски упати отрезнувачка порака на промоцијата од неговата книга „Нашето националистичко пијанство“.

„Излеговме малку од некои проблеми, излеговме малку од еден режим ама далеку сме од она што мислам дека оваа држава и овој народ го заслужува, една слобода, една моралност и едно човечко достоинствено живеење. Се надеваме дека ќе биди подобро, ако не повторно ќе пушуваме колумни, нема друго“, рече Литовски.

Промоцијата на книгата беше одржана во рамки на „Бит Фест“.55

(Меѓу рецезентите беше и Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани