2win800x200

Игроорците од КУД"Илинден" Битола со спектакуларен настап пред битолчани

Јули 24, 2025

„ДА ЗАТРУСАМЕ“ НА СЦЕНАТА И ВО КАДАРОТ – НАСТАП НА КУД „ИЛИНДЕН“ НИЗ ФОТОГРАФИИ

 
Во рамките на програмата на 55 издание на фестивалот „Илинденски денови“, синоќа на сцената на Платото пред Офицерски дом, блесна КУД „Илинден“ од Битола со својот концерт под наслов „Да затрусаме“. Овој прекрасен настап создаде вечер исполнета со традиција, емоции и фолклорна убавина.
 1000003238
Игроорците и оркестарот на културно уметничкото друштво приредија вистинско доживување за публиката, претставувајќи автентични изворни ора и песни од источните краеви на Македонија – Славиште, Пијанец, Овче Поле и Малешево. Со секој чекор и секоја нота, тие ја оживеаја историјата, културната меморија и народниот дух на овие простори.
 
„Традицијата ќе затропа во чекор, а душата ќе заигра со нас“, порачаа од КУД „Илинден“ на концертот – порака која публиката ја почувствува и ја возврати со громогласен аплауз, покажувајќи восхит, почит и искрени емоции.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани