
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар и ќе ја посети Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во с. Слоештица.
Во рамки на посетата министерот Љутков ќе оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски, а заедно ќе ги посетат институциите од областа на културата во оваа општина, Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во с. Слоештица, Слепченскиот манастир како и библиотеката АЛ-БИ во демирхисарското с. Бабино.
Посетата по објавата на текстот: Едикојси против Петрета Андреевски или „Еј бре кој си ти против Петрета да бидиш?!“ од страна на писателот и професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Венко Андоновски, во која го повикува министерот за култура и туризам итно да преземе мерки за постановката на Петре М. Андреевски да стане државна сопственост и да се стави под целосна државна заштита.