2win800x200

Концерт на триото "Интерарт" на Бит Фест 2025

Август 18, 2025

Концерт на триото „Интерарт“ на Бит Фест 2025

 
Во рамките на културниот фестивал Бит Фест 2025, љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во извонреден концерт на триото „Интерарт“, составено од уметниците: Емилија Ристевска Стефановска (флејта), Александар Стефановски (флејта) и Татјана Божиновска (пијано).
 
Концертот ќе се одржи во среда, на 20 август, со почеток во 20 часот, и ветува вечер исполнета со суптилна музичка комуникација и префинет репертоар.
 
Публиката ќе има можност да слушне дела од светски и домашни композитори, вклучувајќи ги Шостакович, Доплер, Фурстенау, Петровски и Кларк. Програмата опфаќа богати и контрастни дела кои ги истакнуваат звучните можности на дуото флејти и пијано, но и длабочината на музичкото изразување на триото „Интерарт“
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани