АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пристигна кино опремата која е потребна за киното "Манаки"да биде ставено во функција.
Набавката на оваа опрема е дел од проектот КИНОКУЛТУРА кој се реализира во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. Вредноста на проектот изнесува 64 215 евра.
Со овој договор се набавува: проектор, проекционо платно, аудио опрема, лап топ, кабелска инсталација и друга опрема. Во договорот предвидена е испораката на опремата, инсталацијата, обука на персонал кој ќе ракува со неа, како и пост продажна услуга за кино опремата, која е адекватна за проекции во отворен и затворен простор.
За ентериерно уредување на киното Манаки, обезбедени се 7.616.554, 00 денари преку Министерство за култура, за капитални инвестиции до единиците за локална самоуправа за 2019 година.
Иако, поради состојбата со КОРОНА вирусот проектните активности малку се пролонгираа, сепак истите се реализираат и комплетната опрема се набавува, согласно предвидените рокови.
Со проектот Кинокултура, финансиран од ИПА програмата на ЕУ, предвидено е ставање во функција на туристички информативен центар, за чие опремување наскоро ќе биде објавена тендерска постапка.
Во исто време, Општина Битола е пред склучување на договор за изработка на студија за валоризација на културно историското наследство во прекуграничната област, а во фаза на евалуација е постапката за изработка на дигитална мапа и 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно – историските споменици во Битола.