2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола ќе се спаси од најголемиот арсенал на гранати откриен на Балканот, од 15 декември ќе се уништуваат на Криволак

Декември 02, 2020

Потребна е широка акција за детектирање на заостанатите неексплодирани убиствени средства на линијата каде минувал Македонскиот фронт во Првата светска војна, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути при денешната посета на локацијата во Битола каде е пронајден досега најголемиот арсенал на гранати на Балканот. На тој начин би се избегнала опасност во каква што се најде Битола во овој слуачај. За ваква акција заинтересирани се да помогнат и земјите кои учествувале во Првата светска војна, а поддршка е потребна и од експерти, вели Максути.

-Информирани се амбасадите на земјите кои биле вклучени во тие настани од Првата светска војна, имаме поддршка да детектираме не само овде во Битола. Туку да ја истражаиме линијата на фронотот, за во иднина да не се соочиме со ваква опасност при изведување на гардежни работи да се откриваат вакви експлозивни направи. Јужниот фронт бил стотици километри, потребно е да се влучат и историчари, но и други експерти. Германската, Француската и Бриранската амбасада, како и САД даваат поддршка. Потребно еднаш засекогаш оваа опасност што демнее под земја на овие простори да ја отстраниме, а не да работиме вака ад хок кога ќе се појави потреба. Тоа е опаснсот која што спие, никогаш не се знае кога може да се случи најлошото, вели Беким Максути, директор на ДЗС.

foto2

Седум пиротехничари колку што вкупно има во цела држава Дирекцијата за заштита и спасување, во акција која траеше еден месец отстранија над 12 илјади артилериски гранати или 7,5 тони експлозив, а за овој подвиг од државата ќе добијат еднократна парична награда од 30 илјади денари.

-Овие луѓе направија нешто што досега во нашата земја не е направено. Во најбрз можен рок ги собравме сите пиротехничари на едно место и почнаа со пребарување и отстранување на овие гранти од Прва светска војна. Отстранија огромни количини, но во следанта фаза потребана ни е помош и соработка од други институции, односно со Министерство за одбрана и МВР, за транспорт и уништување на истите, вели Максути.

 мини

 

Неексплодираните средства времено се складирани во магацин во старата касарна а од 15 декември почнува нивното уништивање на полигонот Криволак.

-Останува пребарување на теренот бидејќи во ова земјиште што го извадивме очекуваме уште 20-30 парчиња што не сме ги виделе да ги отстраниме. Ова е половина од акцијата, од 15 почнуваме со другиот дел кој е покомплексен, уништивање на тие средства, да се ослободи градот Битола од тие средства, вели Ефтим Митров, пиротехничар од ДЗС. 

ефтим

 

 

Директорот на ДЗС Беким Максути рече дека веќе се започнати активности за подобрување на статусот на пиротехничарите, а исто така се работи и на обновување на кадарот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани