АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Креативноста и вредните раце на учениците од текстилната насока од СОУ „Таки Даскалот“ во Битола, под менторство на нивните наставници, прават вистински чуда. Овие средношколци во изминатата пандемиска учебна година, има многубројни активности, а деновиве беше органзирана изложба на дела изработени од нив . Наставната програма која се спроведува и реализира нуди можност за добивање на вештини во дизајнирање и изработка на облека.
-Изложбата што ја организираме е многу значајна за нас за да покажеме што работевме во оваа пандемиска учебна година, која беше многу тешка за сите и за наставниците и за учениците и за родителите. Со големи напори успеавме да ги реализираме сите зацртани цели за да го подигнеме на повисоко ниво нашиот текстилен смер. Имавме многу изработки во текот на учебната гоина, овде се само дел, а имавме соработка со многу организации. Во декември изработиме еко торби со везани мотиви од традиционалната македонска носија и ги подаривме на битолски дами кои ни се драги пријателки и соработнички. Потоа во февруари, месецот на ретките, изработивме маски со печатено лого, во знак на поддршка за подигање на јавната свест за ретките болести. Во март органзиравме изложба на модни додатоци, потоа следеше изработка на персонализирани перничиња за бебињата кои дојдоа на свет во болницата Плодност. Сега ја организираме изложбата, но иако е при крај учебната година, ние имаме уште активности. Наредната недела ќе имаме работилници за везење и за цртање со деветоодделенци, продолжува соработката со плодност, вели Анита Стефановска, наставник во СОУ „Таки Даскалот“-Битола.
Оваа изложба ги најавува и работилниците кои ќе се одржуваат еднаш неделно за сите заинтересирани идни ученици во оваа насока за везење, цртање модни дизајни и обликување со материјали, изработка на накит.
Првата работилница ќе се одржи во понеделник во 17часот во Везилка
Учениците од текстилната насока во СОУ Таки Даскало се стекнуваат со квалификација Техничар за дизајн на облека и Техничар за изработка на облека. наставата се спроведува во една комбинирана паралелка со 34 ученици, за што се потребни 45 поени. Во текот на четиригодишното образование ученицте , исто така се стекнуваат со компетенции и вештини за
Цртање, сликање и обликување на облека
Изработка на скици и дизајнирање на модна колекција
Конструкција и моделирање на сопствени дизајни
Кроење и шиење
Организирање на модни перформанси
Совладување на техниките на везење, ткаење и плетење
Изработка на модни додатоци, детски играчки, рециклирање на текстилни материјали
Учество во работилници и проекти со локалната заедница
Учество на натпревари