2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Деновиве моето име и името на мојот дедо Пецо Гудовски го изговараат оние кои, во едно не така дамнешно време, не смееја, а и не сакаа да го спомнат. Тоа се истите оние кои борците од НОБ и НОВ ги избркаа од своите простории, а сега ги „позајмуваат“ нивните имиња за еднократна и провидна употреба.

Во Завод и музеј-Битола промовиран е Музејскиот зборник број 24 кој во континуитет се издава скоро четириесетина години. На промоцијата присуствуваше и министерската за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.  

„Се работи за квалитетна адиција, зборник на трудови од различни области, кои и тоа ги покриваат областите со кои се занимаваат музејските институции низ Северна Македонија. Ми претставува особено задоволство кога спонзорираме вакви квалитетни проекти кои оставаат траен печат на заштита на културното наследство“, рече министерката.    

Директорката на Завод и музеј Мери Стојанова рече дека изминатите четири години за првпат во континуитет Министерството за култура го финансира издавањето на Зборникот.

„Министерството го препозна квалитетот и традицијата на издавање на овој музејски зборник. Во него се објавени трудови од областите кои се поврзани со дејноста на Заводот односно заштита, археологија, етнологија, историја, уметност и друго. Тоа не се трудови само на автори кои се вработени во институцијата туку и на истражувачи од други институции во државата“, рече Стојанова. .273897428 653169489347144 4430570674443643586 n

  273903772 306841924652412 196595659640760604 n

274078086 727013612018815 4931205226095310097 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани