АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На две недели пред почетокот на учебната година денеска само гимназијата „Таки Даскало“ повторно е вклучена на електричната мрежа, останатите школи, Медицинското училиште и осум основни училишта и натаму се без струја.
Од 25 јули, најголем дел од училиштата во Битола беа исклучени од електричната мрежа поради неплатени обврски кон ЕВН, бидејќи долго време се со блокирани сметки. Ситуацијата е наследена од бившата власт на ВМРО-ДПМНЕ каде имаше училишта кои и по седум години не плаќале струја.
Сега, се уште без струја остануваат средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ , ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Даме Груев“, ОУ„ Коле Канински“ , ОУ„ Трифун Пановски“ и подрачните „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица и „Александар Турунџев“ во Кукуречани .
Општина Битола исплати над 60 000 евра или 3 670 000 денари долг кон спортските клубови во градот. Во писменото соопштение од Општина Битола пишува дека иако обврските беа преземени, а истите не беа исплатени од претходното општинско раководство, градоначалничката Наташа Петровска, со цел да не се доведе во прашање функционирањето на спортските клубови, одлучи да ги исплати заостанатите средства.
Исплатени се 800 000 денари на Кошаркарски клуб „Пелистер“, 1 270 000 денари на Ракометен клуб „Пелистер“ и 1 600 000 денари на Фудбалски клуб „Пелистер“. Со денешната уплата на средствата на Фудбалскиот клуб „Пелистер“, Општина Битола во целост ги исплати обврските кон овој клуб кои произлегуваат од меѓусебниот договор.
Во соопштението пишува дека градоначалничката Петровска и во иднина, во рамките на финансиските можности на општината, ќе го поддржува спортот во Општина Битола.
12 491 350 евра e вкупниот долг што екс градоначалникот Владимир Талески и го остави на новата градоначалничка на општина Битола, Наташа Петровска. Од нив 3 339 211 евра општината должи по основ на пристигнати фактури за извршени работи и други финансиски документи, а 9 152 139 евра по основ на потпишани договори, на кои во најголем дел рокот за исплата им е поминат. Ваквите долгови ја прават општината неликвидна, соопшти битолската градоначалничка Наташа Петровска на денешната прес конференција свикана со цел да ја информира јавноста за финансиската состојба која ја наследи во општината.