АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ФОРУМ 16 16 до 18 октомви, по трет пат, ја организираШЕ волонтерската активност во заедницата, а како една од активнстите во рамки на Кампањата против гласини „Гласно сокаче - Будно чимаче“.
Оваа волонтерска активност има за цел да ги промени гласините дека „младите во Битола само пијат кафе на Широк Сокак и ништо не работат“, па според тоа често се окарактеризирани како „мрзливи“ и „незаинтересирани за заедницата“. Ова се постигнува:
- низ заедничка работна акција на младите и постарите луѓе за подобруваање на запоставени или игнорирани локации во заедницата;
- низ промоција на атмосфера на вклучување, толеранција и разбирање.
Годинава, локацијата на која се спроведе волонтерската активост, беше аголот на улиците „Охридска“ и „Др. Трифун Пановски“. На локацијата се црташе мурал, се испишуваа позитивни пораки, а во соработка со ЈП Комуналец се постави клупа и се засадија два садника. Свој придонес дадоа и соседите со тоа што засадија уште еден садник, а помагаа и со совети и разговор за важноста на локацијата за соседството низ минатото.
Пред оваа волонтерска активност, ФОРУМ 16 организира обука за активисти против гласини, чија улога е да ги разнишаат гласините за младите, а кои водат кон креирање на длабоко вкоренети стереотипи во општеството, како и дискриминација. На обуката се обработуваа теми за човекови права, медиумска писменост, стереотипи и предрасуди во медиумите, креирање на позитивни алтернативни наративи и слично.
Кампањата против гласини „Гласно сокаче - Будно чимаче“ во 2020 година е поддржана од страна на Совет на Европа преку Европската младинска фондација. Истата е дел од (СТ)АРТ програмата на ФОРУМ 16 која предвидува активности за промоција на човековите права на креативен начин.
„Наместо да пиеме кафе на Широк Сокак и кажано по битолски да скитаме (шетаме), се фативме за работа да го средиме чикмачето (сокаче) кај Бела Чешма да ни биде убаво и ние тука да доаѓаме, да се дружиме“, рече Надица Коловска, средношколка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Таа е дел од групата предводена од Младинската невладина организација „Форум 16“ што си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак.