2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пиротехничарите на МВР и АРСМ, денеска ја започнаа акцијата за уништување на неексплодираните убојни средства, артилериски гранати 75 мм пронајдени и отстранети од градот Битола кои датираат од Првата Светска Војна.  На првата акција се уништија 1600 парчиња артилериски гранати на  Армискиот полигон „Криволак“, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Потребна е широка акција за детектирање на заостанатите неексплодирани убиствени средства на линијата каде минувал Македонскиот фронт во Првата светска војна, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути при денешната посета на локацијата во Битола каде е пронајден досега најголемиот арсенал на гранати на Балканот. На тој начин би се избегнала опасност во каква што се најде Битола во овој слуачај. За ваква акција заинтересирани се да помогнат и земјите кои учествувале во Првата светска војна, а поддршка е потребна и од експерти, вели Максути.

Четворица пиротеничари од Дирекцијата за заштита и спасување вчера и денес пронајдоа уште 1800 артилерсики гранати на местото каде се изведуваат градежни работи кај Стадионот под Тумбе Кафе,. Станува збор за истата локација  каде пред две недели беа пронајдени 600 вакви неексплодирани убиствени средства.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани