2win800x200

Уште 90 слободни места остануваат во средното медицинско  училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола  по второто пријавување во првиот уписен рок. Вкупно се пријавија 109 деветтооделенци, а примени се  41.

Во Битола има 797 завршени основци, а според конкурсот распишани се повеќе од двојно слободни места во средните училишта. 

Наредната учебна година во седумте средни државни училишта во Битола, се отвараат вкупно 1966 слободни места за полуматурантите, јавува ТВ „Тера“. Бројката во Конкурсот на Министерството за образование е поголема од минатите години. Годинава во средносто Економско училиште е предвидена уште една паралелка. Ако минатата година со 4 годишно образование имаше 3 паралелки, годинава има 4 паралелки , и плус една паралелка со тригодишно образование.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани