АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа на амандманската расправа во врска со ребалансот на Буџетот на Република Македонија на собраниската Комисија за финансирање и буџет се разви жестока расправа меѓу битолските пратеници Зоран Илиоски и Горан Милевски.
Тензијата порасна на амандманот на пратеникот Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара 1 милијарда денари за набавка на електрични автобуси за Скопје.
Битолските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски, со амандман од државниот буџет бараат 600 милиони денари за изградба на Универзална сала во Скопје. Ова на својот фејсбук профил го објави пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет.
Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да освојат повеќе гласови од противкандидатката на СДСМ, Наташа Петровска дури ни во населбите каде што живеат во Битола. Резултатите од Државната изборна комисија покажаа дека на гласачките места каде што гласале нивниот кандидат за градоначалник Зоран Илиоски, пратениците и другите локални фукционери од ВМРО-ДПМНЕ, имало повеќе гласови за Петровска, некаде дури и рекордни.
По завчерашниот пораз на локалните избори, владее молк од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Од партијата немаа ни јавно обраќање, а нивниот поразен кандидат за градоначалник Зоран Илиоски до граѓаните се обрати преку фејсбук.
Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, на завршното обраќање на последниот ден од изборната кампања за локалните избори 2017, рече дека во Битола досега е многу направено, но има уште многу работа, а од идеите на граѓаните со кои имал средби во изминатиот период, можел да напише уште една програма.