2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Битола бараат пари за изградба на Универзална сала во Скопје

Декември 07, 2017

Битолските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски, со амандман од државниот буџет бараат 600 милиони денари за изградба на Универзална сала во Скопје. Ова на својот фејсбук профил го објави пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет.

 

На својот фејсбук профил, Ковачевски објави и фотокопија од амандманот што го предлага група од неколкумина  пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и двајцата битолчани Кузмановска и Илиоски за да се обезбедат пари за изградба на Универзална сала во Скопје. Во амандманот пушува дека  од Програмата за финансирање на дејности во културата се бараат 600 милиони денари за оваа намена.

Бидејќи пратениците се од Битола, а салата е за Скопје, Ковачевски на фејсбук профилот прашува: „Кој ги гласаше? Од каде доаѓаат?“

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и во претходните мандати ги поддржаа проектите за „Скопје 2014“, од кои Битола немаше никаква полза. Во моментов за битолчани е многу поважно да се бараат средства за обнова на објекти и реализација на прокети за Битола, отколку за Универзална сала во Скопје.

Покрај Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски од Битола, меѓу  предлагачите се и пратеникот Крсто Мукоски од Вевчани, кој во моментот е во притвор во Истражниот затвор во Шутка, осомничен за кривично дело  терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата за настаните од 27 април.

Кон барањето, во Скопје да се изгради Универзална сала, се приклучи и пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ од Штип, Никола Мицевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани