2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолските училишта должат 4,5 милини евра

Декември 07, 2017

Општина Битола, заедно со државата бараат начин како да се покријат огромните долгови на битолските средни и основн училишта, кои во моментот должат 4,5 милиони евра.

Градоначалничката Наташа Петровска, денеска потврди дека во текот на вчерашниот ден, се направија напори ЕВН да не ја исклучи електричната енергија во училиштата кои имаат со години непалтени сметки и да се овозможи образовниот процес да се одвива непречено. Но, вели, долгот мора да се пoдмири.

-Во моментот на ниедно училиште не му е исклучена струјата, факт е дека училиштата должат и по основ на неплатена струја. Всушност долгот на училиштата во општина Битола е над 4,5 милиони евра, но  не само по основ на струја. Ние бараме  кој е начинот и моделот за да не дојдеме во ситуација на исклучување на струјата на училиштата. Тоа беше една и една од битките што ја имавме вчера. Факт е дека мора да се пронајде начин како  тие долгов да се подомират, потребно е да се вклучи  не само општината, туку и држававата. Долговите не се настанати сега, станува збор за долгови кои што се таложеле години наназад, изјави Петровска. 

Покрај неплатена електрична енергија, училиштата должат и за школски превоз, за комуналии и др. Десетина од нив, со години  имаат блокирани сметки, заради што се соочуваат со проблеми во работењето

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани