Интегрална изјава на Ивона Трифунов, СДСМ Битола:
Кривични Пријави За Службеници И Директори Наместо Проекти За Развој На Битола!
Тоа е реалноста во Битола на чело со градоначалникот Тони Коњановски и неговата ДПМНЕ! Последниот пример со кривичната пријава за поткуп за службеник во Општина Битола е доказ дека Коњановски како прв човек на општинската администрација негува атмосфера за работа во која злоупотреби, мито, корупција и рекет се составен дел.
Коњановски ја наметна културата на неказнување и ова што денес го сведочиме е резултат на тоа. Градоначалникот повеќе од една година го толерира и ништо не презема против директорот на Јавното претпријатие Водовод, Пеце Милевски, кој има две кривични пријави за злоупотреба на службената положба. Пораката е јасна - локалните функционери и службеници кои ќе ги прекршат законите ја имаат партиската и заштитата од Коњановски.
Ги повикуваме надлежните институции будно да ги следат процесите во општината и да постапат по сите сегашни и идни дојави за незаконско работење во општината и јавните претпријатија. Градоначалникот Тони Коњановски, пак, конечно да се охрабри и да го разреши директорот на Водовод, Пеце Милевски со што ќе порача дека незаконското работење нема да го толерира, дури и кога станува збор за локалниот лидер на ДПМНЕ во Битола! Само така Коњановски на дело ќе покаже дека не поддржува незаконско работење во општината и во јавните претпријатија под општинска капа!“