2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Kако се градеа Широк Сокак, Иван Милутиновиќ, Прилепска, Олимписки базен и Тријаголникот во Битола

Април 02, 2022
Фото: Акександар Литовски Фото: Акександар Литовски

Напис во сочуван исечок од весникот „Изгрев“ од мај 1960 година зборува за неколку инфраструктурни проекти кои во тоа време биле во фаза на изградба во Битола.

Новинарот Лазеревски разговара со началникот на Комуналниот отсек во Општина Битола, Томе Николовски, за динамиката со кои се изведуваат овие проекти, кој одговара на прашањата до каде е изградбата на Олимпискиот базен кој се гради веќе 5 години, улицата Борис Кидрич, зборува за изградбата на новата типска населба „Тријаголник“ во Бела Чешма, за изградбата на улиците „Иван Милутиновиќ“ и „Прилепска“, а таа пролет во 1960 започнала и обнова на улицата „Маршал Тито“, денешен Широк Сокак.

rekonstrukcija

Николовски одговара дека базенот се очекува да биде готов таа сезона, за што се обезбедени дополнителни 3 милони динари од Општина Битола за негово довршување. Вели дека на улиците „Прилепска“ и „Иван Милутиновиќ’ ќе започне изградба на канализациска и водоводна мрежа, а најавува и асфалтирање на патот за Хераклеја од фабриката Прогрес до Буковска река. Објаснува дека новиот станбен блок „Триаголник“ било поекономично да се гради на место каде не треба да ништо да се урива

vesnk2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани