АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од Културниот центар "Иван Михајлов" и официјално потврдија со покана што ја испратија до медиумите, дека во сабота на 16 април во 14 часот ќе се отвора клубот на ова здружение во центарот на Битола на улицата "Рузвелтова".
Во поканата се најавува присуството на премиерот на Бугарија Кирил Петков, заменик претседателот Илијана Јотова, министерот за надворешни работи Теодора Генчовска, пораншниот министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, претставници на народното собрание на Р. Бугарија, лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов и како што наведуваат од КЦ "Иван Михајлов", други високи гости од општествено политичката сцена на Република Бугарија