АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите од комплексот згради Стара Болница револтирано реагираат што објектот каде порано беше сместен колонијал под една од висококатниците, сега е руина. Велат, овој деловен објект кој е во државна сопственост и се наоѓа во строгиот центар на градот, е претворен во руина, а никој не им застанува на патот на вандалите, па продолжува неговото уништување.
Станарите велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор да интервенира, затоа што објектот е испустен, но, и околината на зградата во центарот на Битола е во ѓубриште и стакло.