Санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола
За само две вечери (29/30/31.12.2023)во периодот од 22.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола ,со акцент на Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 возачи, а откриени биле и 14 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се воздржат од конзумирање алкохол при управување со моторното возило ,бидејќи само така ќе овозможиме безбеден сообраќај и спречување на сообраќајни незгоди .