АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На големо задоволство на сите вљубеници во шахот, денеска по вторпат во Битола се одржа еднодневниот меѓународен турнир „Штајниц-2024“ во организација на истоимениот шаховски клуб, основан пред две години.
-Станува збор за еднодневен шаховски турнир „Штајниц-2024“, на кој учествуваа 46 шахисти од Грција, Србија и Македонија. Ова е втора година, но планираме шаховскиот турнир да премине во традиција, вели Пеце Богдановски, претседател на шаховскиот клуб Штајниц
Богдановски додава дека целта е да се направи една убава шаховска приказна во Битола, град кој има шаховска традиција, но и да ги поттикнат младите да ја играат оваа спортска дисциплина.
-Мотивот за отворање на шаховскиот клуб е работа со млади кадри. Во рамките на клубот имаме шаховска школа за да се совладаат тајните на шаховската игра од страна на млади и други заинтересирани шахисти. Преку систем на натпревари вложуваме труд уште повеќе да се усовршат во нивната игра. Освен играта и натпреварувачкиот дух, присутна е дружбата на младите и повозрасни шахисти од државата и странство, вели Богдановски.
На турнирот се играше брозопотезен шах со 9 кола
Победници на турнирот се:
Специјална награда за млад шахист доби Константин Лушески