2win800x200

Уникатна поставка на факсимили од роднокрајни писатели поставени во НУУБ "Климент Охридски" Битола

Мај 19, 2025

Уникатна поставка на факсимили од роднокрајни писатели во Библиотеката

 Денес библиотеката НУУБ "Св.Климент Охридски" Битола во своите простории ги опфати 24 факсимили на роднокрајни писатели-членови на ДПМ. 
-Како дел од проектот „20 роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија“ денес трајно е зачувана и поставена збирката на факсимили во делот пред роднокрајниот оддел на библиотеката. Оваа збирка е единствена и уникатна во целата наша држава. Таа претставува еден завет за сите идни генерации на библиотекари кои треба да ја чуваат, но и да ја прошират, објавија од библиотеката.
-Голема благодарност до професорката и писателка Весна Мундишевска Велјановска за изработката, но и тоа што ни дозволи ние да бидеме дом на овие факсимили.
Започнавме со изложба, ги овековечивме во книга, а сега секој факсимил сам за себе ќе пишува една иднина за сите генерации кои ќе поминат и ќе го погледнат и прочитаат.
Благодарност до Министерството за култура и туризам, кои ја препознаа важноста на овој проект и го финансираа истиот.
И благодарност до „Арт Макаријовски“, кој ги изработи рамките, објави директорката Емилија Стефановска Давкова 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани