2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Мерната станица на периферијата регистрираше високо загадување на полноќ

Јуни 14, 2019

Ноќеска на полноќ  државната мерна станица на периферијата на градот регистрираше  високата загаденост што е невообичаено за овој период од годината.

Вредноста на часовната концентрација на ПМ 10 честичките точно на полноќ изнесуваше 481 мг/м3. И претходно, во текот на денот оваа мерна станица повремено регистрираше високи вредности, кои наизменично се намалуваа и повтроно се покачуваа. Така првото енормно зголемување на ПМ 10 честичките е забележано во 16 часот на 13 јуни, кога се регистрирани 253 мг/м3, 262 во 19 часот, по што вредностите се во опаѓање, а на полноќ загадувањето достигнува највисока вредност од 481 мг/м3

63596391 2121872354777080 8632131065135235072 n

И платформата „Земи здив“ ја регистрираше оваа појава, а наведуваат неколку можни причини:

- локален загадувач во близина на мерната станица, бидејќи има одредено покачување после 17:00 часот, па ублажување и нагли пораст во 00:00 часот со достигнување на максимумот. 


- пожар во близина на мерната станица кој може да предизвика нагло покачување на концентрациите.


- проблем со инструментите на мерната станица, бидејќи вакво нагло зголемување на вредноста точно во 00:00 часот може да биде сигнал за проверка и сервис на мерната станица. Слична ситуација имавме пред да се исклучи мерната станица Битола 2 од мрежата за мониторинг на воздухот на 18.03.2019 година.

Сепак, од палтформата „Земи здив“ потенцираат дека во текот на ноќта нивната мрежа на сензори, не регистрирала вакво нагло зголемување на концентрациите на ПМ10 честичките

„Битно е да се напомене дека максималниот домет на еден сензор е во дијаметар до 1 km. Моментално најблиските локации во кои имаме инсталирано наши сензори се Јени маале (оддалеченост од 2,1 km) и Баир (оддалеченост од 1,9 km) и од тие причини не можеме да добиеме квалитетни податоци за таа локација на станицата Битола 1. Заради тоа ни е потребна густа мрежа од сензори на целата територија на градот со која  ќе биде покриена секоја локација која ќе биде предмет на анализа. Се надеваме дека наскоро ќе поставиме сензор во близина на мерната станица Битола 1 и ќе можеме да ги споредуваме податоците, навдуваат од „Земи здив“ и велат дека доколку имаше општо влошување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, ветерот ќе предизвикаше секундарни емисии во областите каде што има нивни сензори, а тоа е аргумент повеќе дека најверојатно станува збор за локален загадувач во близина на мерната станица Битола 1

mapa1

По полноќ вредностите на ПМ10 честичките се во опаѓање, а од утрово во 6 часот се движат околу граничните вредности.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани