Во интерес на безбедноста на сите граѓани а по повод претстојниот празник, 1 ви Мај-Денот на трудот, Секторот за внатрешни работи Битола, упатува совети и препораки:
- По повод претстојниот празник, апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на конзумирањето на алкохол, приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот како и воздржување од предизвикување на разни облици на нарушување на јаввниот ред и мир.
-Воедно би сакале да Ве информираме дека во текот на празникот но и по него, како би се одржала безбедноста на сите граѓани на задоволително ниво, од наша страна ќе се преземаат акциски контроли во поглед на санкционирање на сторителите на прекршоци и кривични дела , пишува во соопштението на СВР- Битола
- Обезбедете го Вашиот дом и Вашите скапоцени предмети. Не чувајте пари, накит и други вредни работи во Вашиот дом. Користете ги услугите на банките-картички, штедни книшки, банкарски сефови и слично.
- Внимавајте на Вашето моторно возило-не оставајте вредни предмети на видливо место и при секое напуштање на истото-заклучувајте го.
- Внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики и места каде сте во моментот, со што им укажувате на останатите дека моментално не сте дома а со тоа станувате лесен плен за кражба.
- Доколку станете жртва на ваквиот вид на криминал-веднаш пријавете во Полиција. Додека не дојде Полицијата, не допирајте ништо-и не дозволувајте никој да влезе во Вашиот дом. По доаѓањето на Полицијата-дадете им примерок од вредните предмети а воедно и известете ги за вредните работи кои Ви се украдени.
- Внимавајте на Вашиот паричник. Паричникот во задниот џеб- предизвикува !
- Пред напуштање на Вашиот дом а посебно на подолг временски период, проверете и исклучете ги куќните апарати или предмети кои можат да предизвикаат пожар.
- Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, меѓи, пасишта и други површини. Да не се фрлаат отпушоци, стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Доколку се забележи пожар-веднаш да се извести Центарот за управување со кризи или локалната противпожарна единица.
Секторот за внатрешни работи Битола, на сите граѓани им го честита празникот 1 Мај-Ден на трудот.