АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Алармантна е сосотјбата со КОВИД-19 во Битола, бројките на позитвни пациенти растат, со што расте и бројот на активни слуачи кои бараат помош во КОВД амбулантите во во Клиничката болница. Иако нема голем број на хоспиталзации, сепак огромна е бројката на прегледи.
-Од последните бројки заклучно со 11 јануари има 1261 позитивен случај кои вршат голем притисок во КОВИД центарот. Вчера во двете амбуланти за соминителни и ковид позитивни пациенти достигнаа до 173 за едно деноноќие, што е енормно голема бројка, а во лабораторија имало 250 ковид пациенти. Нема голем притисок за хоспитализации, имаме 23 лежечки пациенти и 32 пациенти во дневна болница, но алармантно е во ковид амбуланта. Овие бројки се огромни кои повлекуваат огромни материјални и човечки ресурси. Капацитетите се тие, работиме на три пункта каде се примаат овие пациенти. Не можеме да се доведеме во ситуација повтороно да го затвораме редовното работење на болницата, бидејќи сите останатити пациенти, оние со хронични болести и акутните состојби имаат потреба од адекватен третман, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.
Од болницата апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките, за здравствениот систем да може да го издржи овој бран.
-Апелирам да се намали паниката, да се следат протоколите, да се упатува оние пациенти што имаат потреба, да се почитуваат препораките, да се носи маска, да се одржува дистанаца и да се избегнуваат масовни собирања, за да може и зравствениот систем да го издржи овој бран. Она што е многу важно, кај вакцинираните пациенети има многу полесна клиничка слика. Дел од хоспитализираните пациенти се во многу тешка состојба, тоа се повозрасни со повеќе коморбидитети и се невакцинирани. Оние во дневна болница имаат поблага форма и немаат потреба од перманентна кислородна поддршка, и доаѓаат да примат терпија, вели Гагачовска.