АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во време на светска пандемија, кога оваа генерација матуранти ја немаше можноста да организира матурска прослава која се памети за цел живот, ниту пак да отпатува на заедничка екскурзија со која ќе се збогуваат од средношклските клупи, група од десетина матуранти предводена од Пантелејмон Трпчевски се искачи до Големо Езеро на Пелистер.
Од таму ексклузивно за апла.мк испратија исклучителни фотографии, но и видео од нивната авантура со чамец од центарот на едно од најубавите глечерски езера на светот.-Големо Езеро во НП Пелистер.
Со навивање: „Динариди, Динариди“, шестоодделенците од ОУ „Коле Канински“, со домаќините од НП Пелистер (Информативниот центар), го започнаа одбележувањето на Денот на Динаридите, 7.Октомври. Овој ден за прв пат, од оваа година се прославува како ден на заштитата, востановен од мрежата на „Парковите Динариди“ и на сите заштитени подрачја членки и нечленки на мрежата, од државите кои се протегаат вдолж на Динарските Планини. На часот по биологија, д-р Драган Арсовски и Даниела Заец, претставници на Македонскот еколошко друштво (МЕД), одржаа интересен час за заштитата и зачувувањето на желката и другите влекачи и водоземци, како и за заштитата Балканскиот рис.
Само неколку години по Втората светска војна, на 30 ноември 1948 година, во бурни времиња на обнова на државата, со висока еколошка свест на тогашните структури, Пелистер е прогласен за национален парк. Тој бил прв национален парк во тогашна Југославија и 13-ти по ред во Европа. Ова ремек дело на природата има разновиден растителен и животински свет, а најголема вредност има моликата-автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост, кој што расте на само неколку планини на Балканот. Најстариот национален парк во државата „Пелистер“, денеска одбележа 70 години од своето постоење.