АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Невремето што попладнево околу 15 часот повторно ја зафати Преспа, со дожд и град со големина на орев, ги дотолчи јаболката во преспанските овоштарници.
Договорот за името денес ќе биде потпишан во село Нивици (Псаридис) во Грција на брегот на Преспанското Езеро. Потпис на договорот за решавање на долгогодишниот спор со името ќе стават шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Со договорот официјалното име за севкупна употреба на земјава ќе биде Република Северна Македонија.
Половина Балкан деновиве е преокупиран со Преспа, а на македонската страна од Преспанското Езеро е мирно и спокојно. Жителите си ги извршуваат секојдневните работи и не сакаат многу да коментираат околу тоа дека по потпишувањето на договорот за името во грчкиот дел на Преспа, државниците ќе дојдат да ручаат на македонска страна.
„Никој не ни кажал дека тука баш кај нас ќе биде. Нема што да кажеме, најдете некој постар, тој повеќе се разбира од политика“, ни рекоа помлади жители од преспанското село Царев Двор.
Постарите пак, велат барајте помлади.
Невреме, со обилни врнежи од дожд и град, го зафати Ресен и Преспа попладнево. Двапати за само еден месец овој регион е погоден од вакво невреме, а се очекуваат големи штети кај јаболкниците. Овошатрите стравуваат дека родот ќе се преполови и бараат субвенци за заштитни мрежи над јаболковите насади или повторно во употреба да се вратат градобијните ракети, затоа што Преспа во последните години често има врнежи од град, кои ги уништуваат јаболкта