АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со 18 гласови Габриела Илиевска од Поинаку е избрана за нов претседател на Советот на Општина Битола. Таа освои повеќе гласови од Менде Илиевски од СДСМ, кој беше нејзин противкандидат за претседателска функција во Советот.
-Битола испишува историја. За првпат во историјата на градот Советот на Општина Битола добива претседател кој доаѓа од граѓанска листа. Она што го постигнавме на избори денес го крунисавме. Тоа значи дека од сега во Советот ќе се работи само за интресите на битолчани и нема да има поделби кој од која политичка партија е. Демократијата во Битола добива нова нота а Битола, почнува да живее поинаку, рече Илиевска во своето обраќање пред Советот
За Илиевска гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ, 3 од Поинаку и 2 од Левица.
Откако претседателот на Советот Валентин Груевски ја предупреди советничката од Поинаку, Габриела Илиевска, да се држи на темата, а да не зборува за коментари што ѝ беа кажани за време на паузата, таа му возврати: „Вас колега ќе ви остане да предупреувате само уште неколку месеци, а потоа ќе ви заврши политичката кариера“. Груевски ѝ рече „Вие да не се грижите за тоа“, а Илиевска му одговори „ич не се грижам, ќе куртулиме“.
Ваквата препирка настана на вчерашната седница откако на паузата еден од советниците на Илиевска ѝ рече дека се е според заслугата, па таа за време на дискусијата кажа дека ако е според заслугата некој нема да земи паушал.
Тогаш Груевски ја прекрати велејќи ѝ да не зборува за приватни работи, на што таа возврати со цитираните зборови.
Ова се случуваше за време на дискусијата за парите што општината треба да го плати за судски спор од времето на екс градоначалникот Владимир Талески.