АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мнозинството во Советот не го прифати барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на претседателката на Советот Габриела Илиевска. Одбиен беше предлогот оваа точка да се стави на дневен ред на денешната 34 седница
„Пред фактите и боговите молчат. Инсекцискиот надзор кој беше пристигнат во Општината не може да се темели на лични пријателства и пазарења, треба да се темели исклучиво на закон и факти. Градoначалникот треба да им се извини на сите советници и на сите граѓани на Општина Битола за сите лаги што ги има пласирано во врска со работата на Советот во јавност во изминатите неколку месеци. Според решението кое е стигнато во Општината сепак не сме згрешиле. По она што е стигнато во Општината, значи дека Советот работи како што налага законот и со решението се уважува жалбата што ја поднесов“, рече претседателката на Советот Габриела Илиевска на денешната прес конференција во врска со одлуката на Второстепената комиција која ја уважи нејзината жалба и го укина решението на инспекторот за локална самоуправа во кое пишуваше дека постапила неправилно со прекинувањето на 26 седница на Советот
Илиевска обвини дека решението стигнало во Општината пред четири дена, а таа молчела.
„Зошто за решението на чиј приемен штембил јасно се гледа дека пристигнало во Општината на 10 август дури вчера кога во некои медиуми пишуваше за него, Општината испрати соопштение до јавноста, а претходно кога се работеше за лажни вести во кои не го испочитува нити рокот кој требаше да го чекаат, ги соопштуваа радосно“, рече Илиевска.
Таа уште праша зошто Општината на новинарите со вчерашното соопштение не им го пушти решението од Второстепената комиција како што правеше претходно со другите решенија од инспекторот за локална самоуправа?
„Новинарите се доволно едуцирани за да сфатат што пишува во решението. Зарем очекуваше Општина Битола како што тие пишуваат на нивната интернет страница дека Габриела е крива и во ова решение да пишува дека Илиевска е во право. Тоа е крајно непознавање на она што се нарекува инспекциски надзор“, додаде таа.
Таа уште ја обвини Општината за игнорантен однос, дека за се што планираат Поинаку дознава од медиумите.
„Градоначалникот неколку месеци наназад се колни дека сака да работи заедно, транспаретно, дека мора да ги оставиме политиките надвор од Советот итн. Јас како претседател и мојата советничка група во ниеден момент не сме исконтактирани од градоналалникот и Општината и не сме запознати со она што го планира Општината“, рече таа.
За неа е спорно како ќе се отпоивика донесениот ребаланс кога е изгласан со мнозинство гласови, дури и од советниците од ВМРО-ДПМНЕ и објавен во службено гласило.
Ж.З.