Илиевска побара вонреден инспекциски надзор врз случувањата во Советот, откако на 20 април ја прекина седницата со образложение дека постапила по член 65 од Деловникот за работа и дека по напуштањето на седницата на советниците од СДСМ сакала да направи дополнителни консултации со советничките групи.
Но, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ избраа друг претседавач на седницата и ја продолжија, па беа изгласани завршните сметки на јавните претпријатија од кои дел се со загуби. Седницата продолжи и следната недела, кога локалното мнозинство предвоидено од ВМРО-ДПМНЕ постигна кворум со Левица и ДОМ. По ова се распадна локалното мнозинство предводено од ВМРО- ДПМНЕ во Советот, во кое учествуваше и Поинаку и настана политичка криза.
Илиевска има поднесено жалба уште на едно решение донесено од истиот Инспекторат за локална самоуправа со кое таа и мнозинство советници беа опоменети за неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори во шест јавни претпријатија. Тогаш вонредниот инспекциски надзор беше извршен по барање на градоначалникот Тони Коњановски, откако на први јуни годинава советниците на СДСМ, Поинаку, Левица, ДОМ и ДУИ, кои создадоа своевидно ново мнозинство во Советот, гласаа за разрешување на управувачките тела на Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и КИЦ, кои според завршните сметки покажаа загуби