
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Место пари за пари за врби, мостови и споменици, оние што вчера рековте дека прошетале низ Битола, таа влада или тие Електрани издвојуваат 2 и пол милиони евра за набавка на клима инвертери во општина Битола. Кажете кога претходната Влада одвоила два и пол милиони евра и за што за Битола? Одберете ја областа која ја сакате и кажете 2,5 милиони евра дадовме дали за амбиенталниот воздух, вработувањата, за економијата, патиштата околу Битола итн, итн. Вака претседателот на Советот Валентин Груевски денес им возврати на советниците од опозицијата кои ги критикуваа краткорочните мерки за животна средина што ги гласаше Советот.
Власта доби поддршка од независните советници од Поинаку за годишните програми за работа на битолските основини и средни училишта и за вработувањата по училиштата, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
Советничката Анита Ангелевска, која е меѓу обвинетите за случајот „Транспортер“ овој пат на седница на Совет не зборуваше за автобусите и ученичкиот превоз, туку за таксистите. Таа во делот за советнички прашања, од говорница со подбив, при тоа изнесувајќи и навреди, ја запраша градоначалничката Наташа Петровска кога е слободна, некој таксист да дојдел да ја земе и да ја прошета низ град да види што треба да се направи.
По петгодишни патешествија и маки на битолчани, по други градови да вежбаат за практичен дел од испитот за возачка дозвола, ниту одлуката за изградба на полигон во Битола не помина без кавги и обвинувања во општинскиот Совет меѓу советниците од власта и опозицијата.