2win800x200

Советот го усвои Локалниот акционен план на Општина Битола во областа вработување, домување, образование, здравство и жената Ромка за периодот 2018-2020.

Провокации, барања за прошка, шила, листа со непотистички вработувања, што сѐ не се спомна на долгата седница на Совет денес во Битола, па имаше дури и обраќања од типот „Горномакедонци, Долномакедонци, Северомакедонци“. На дневен ред беа многу сериозни точки како донесување на годишен план за вработување во четирите јавни претпријатија, а дискусијата прерасна во партиски препукувања, со дозна на исмејување и навреди.

Сет краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето во Битола, меѓу кои набавка на еколошки билборди и субвенционирање на печки на пелети, по третпат предложи опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на општинскиот Совет, но предлогот не беше усвоен од мнозинството.

Советникот Иван Чулакоски  од незвисната советничка група „Поинаку“ со бејсбол палка во рацете денес излезе на советничката говорница во Битола. По најавите дека од буџетот ќе се издвојат средства за нови спортски активности, тој пародично побара од Општината да формира бејсбол клуб велејќи дека има многу заинтересирани битолчани за овој спорт.

„По барање на битолчани има многу заинтересирани да се занимаваат со бејсбол во Битола и побаравме од Комисијата за спорт која предвидува буџет и средства за нови спортски активности и содржини во Битола да се формира и еден бејсбол клуб кој ќе функционира под належност на Општина Битола. Ние како ‘Поинаку’ сме заинтересирани да донираме палки за сите заинтересирани граѓани“, рече Чулаковски.

На ваквото барање возврати претседателот на Советот, Валентин Груевски велејќи дека Општината нема надлежност да формира спортски клубови, но може да ја поддржи нивната активност доколку таков клуб е оформен.

Од „Поинаку“ побараа во Советот да се достави информација за аероздагувањето во Битола. Но, ваквиот прелог беше одбиен зашто како што изјави Методија Илиевски, координатор на советниците од СДСМ, во тек е изработка на краткорочни мерки за заштита на животната средина. 

Три знамиња раширија  пред советничката говорница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по што ја напуштија денешната седница на битолскиот Совет, во знак на поддршка за притворените од настаните во Собранието на 27 април. Координаторот  Борче Димитровски, ваквиот потег го образложи од говорницата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани