АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во основните и средните училишта во Битола од почетокто на учебната година до денес има вкупно 12 ученици позитивни на коронавирусот, што е 0,1 процент од вкупно 11200 основци и средношколци на ниво на општина. Тоа не ја загрозува наставата со физичко присуство затоа што нема трансмисија во самите училишта.
Советниците од мнозинството ги изгласаа завршните сметки на основните и средните училиша, кои за првпат по речси една деценија, се со позитивно салдо, без долгови и без блокирани сметки. Ваквата сосотојба во изминатиот период беше санирана со 4,4 милиони евра, наменети за долговите во битолското образование. Но, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата, ниту пак даде поддршка за завршните сметки.
Во централното ООУ „Славко Лумбарковски” во Новаци и подрачните основни училишта во општина Новаци, најголем дел од учениците од прво до петто одделение ќе следат настава со физичко присуство, додека пак во подрачното училиште во село Бач, настава со физичко присуство ќе следат и учениците од шесто до деветто одделение. Согласност за настава со физичко присуство за учениците од прво до петто одделение добија и подрачните училишта во селата Живојно, Далбеговци, Агларци, Добромири, Рибарци и Гермијан.
Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче побара да се затворат градинките, училиштата и факултетите на ниво на целата држава во следните 14 дена. Предлогот на Комисијата, министерот ќе го достави до Влада која ќе донесе одлука уште на денешната седница. Одлуката ќе биде соопштена во јавноста. Исто така, Комисијата предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено , сите културни настани и спортски натпревари, да избегнуваа јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.
Инаку, во Битола има помалку од 15 000 ученици во десет основни и седум средни училишта.