АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пругата од Битола за грчка граница ќе биде изградена до крајот на ноември годинава, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денес изврши увид на градежните работи за делницата што ќе минува во близина на индустриската зона Жабени.
„Станува збор за проект од 17,2 милиони евра од кои 6 милиони евра се ИПА средства , а 11 милиони евра се средства од буџетот на Македонија. Мора да се испочитуваат роковите за да не дојде да ги враќаме парите и да ги даваме од буџетот, сигурен сум дека изведувачите ќе бидат на висина на задачата. Во моментов работат на бетонски и земјени работи. Очекувањата се поставувањето на пругата да биде во втората половина од јули и да биде завршена до крајот на ноември“, речи Сугарески.
З изградбата на пругата пред две години се крена голема галама. Требаше да биде изградена до 30 јули 2016 година. Но, тогашниот бугарски конзорциум кој беше избран на тендер како главен изведувач, не им ги исплати парите на подизведувачите и изградбата запре. Дел од работниците ја тужеа компанијата, а новата власт најави дека ќе се побара и одговорност да претходните постапки околу изградбата на пругата. Беше распишан нов тендер и на него избрана австриската компанија „Штрабаг“.
„Цврсто се убедени дека ќе ја завршиме работата во предвидениот рок. До крајот на ноември може да очекувате тука да биде сѐ комплетирано. Околу 300 луѓе ќе бидат ангажирани во пикот кога во јули ќе се поставуваат праговите и шините“, рече Златан Ѓуричиќ, директор на „Штрабаг“ за нискоградба во Македонија.
Со пругата кон грчка граница се очекува Пелагонија да се поврзи со Солунското пристаниште, а со тоа и Македонија да добие уште една железничка врска со јужниот сосед.
„Пред два месеца имавме средба со министерот за транспорт на Република Грција и разговаравме за овој дел за железничкото поврзување меѓу Македонија и Грција. Од нивна страна направена е рехабилитација во тој дел и очекуваме дека со завршувањето на овој прокет ќе направиме целосно поврзување“, рече Сугарески.
Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека ова ќе значи сериозезн развој на општината и инстраструктурно поврзување со општините во соседна Грција.
„Ова ќе значи сериозезн развој на општината. Убедена сум дека роковите ќе бидат запазени. Ова ќе биде сообраќајна мрежа од секаков аспект за развој на индустриските капацитети, за развој на индустријата во Битола и можноста на граѓаните со тоа да си обезбедат подобра егзистенција. Општините од пограничмниот дел на Грџција покажуваат интерес за соработка . Веќе со Воден имаме резализација на еден проект, изминатиот период бевме во контакти со општина Солун. Тие со патна инстраструктура се подготвени, она што и недостигаше на Македонија е она што сега го работиме, рече Петровска.