АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жешка есен во Битола, не само поради локалните избори, туку и по високата температура нестандарднa за овој дел од годината. Есен е, а во Битола како да започнува летото, температурата деновиве достигна до 22 степени Целзиусови, а топло време се очекува и во недела на денот на изборите. По гласањето ќе остане да се види дали битолчани со својот избор ќе донесат ќе лето или есен во општината.
Ова очигледно е најтоплиот октомври во последните години, а 2017 -та една од најсушните во последната декада. Инаку, сушни години во Битола, според статистиката објавена од хроничарот д-р Александар Стерјовски, во неговата книга „Записи за злосреќи“ имало многу.
Во книгата како апсолутен максимум на температурите во Битола пред ослободувањето , барем за годините кога се вршеле мерења, се посочува 22 јули 1939 година кога температурата се искачила на 40,5 степени Целзиусови. Како сушни години во Битола се третираат и 1962, 1965,1974, 1977,1988, 1990, 1992, 1993, 2012 година (со 40 до над 60 сушни денови)..
Според УХМР, апсолутен максимум за Битола бил измерен на 6 јули 1988 година.