
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Глувци шетаат по спратот каде се наоѓа станот на старицата од Битола која собираше ѓубре, во очај раскажуваат станари од зградата во комплексот „Стара Болница“ на ул. Климент Охридски бр. 19 во Битола.
Речиси две години, од април 2024 година, досега не се најде решение станот полн до таванот со ѓубре да се отвори, да се исчисти, за да можат станарите да бидат спокојни. Напротив заради докрај нерешени сопственички односи и неажурност на институциите станот остана запечатен од полицијата и сега соседите велат дека глувци им шетаа по ходниците.

Глувци ја изгризале пената и направиле дупка под вратата фото АПЛА.мк
Ова е случајот кога старица на 80 години, сопственик на стан во „Стара Болница“ се затрупа со ѓубре што со години назад го собирала и трупала во сопствениот дом. Жубрето ја затрупа на 5 април 2024 година, од кога слчуќајопт се откри во јавноста, интервенираше Пожарната од Битола и ја извлече старицата од под ѓубриштата. Старицата даваше отпор да биде згрижена во институција и да се исчисти станот. Потоа таа беше сместена во старски дом со помош на Центарот за социјални грижи Битола иако не беше социјален случај, туку примател на пензија. По исвесно време старицата побарала пак да се врати во станот со ѓубре, а кусо време потоа починала, па нејзиното тело било во распаѓање кога полицијата повторно влезе во станот.

Вратата запечатена од 2024, ѓубрето остана во станот фото АПЛА.мк
Реата што се ширеше од станот беше неподнослива за станарите, бараа начин да се исчисти станот, но досега нема промена на ситуација. Две годни живеат со „депонија“ во зградата која носи големи опасности.
„Вратата од станот е запечатена со пена од страна на полицијата, како што беше по инцидентот, но ѓубрето остана внатре, се бараше начин да се влезе во станот да се исчисти, но законот тоа не го дозволуваше, се бараа нејзините наследници кои се во странство. Сега има еден мал отвор кај вратата каде што пената е изедена и излегуваат глувци, ќе се прошетаа низ ходникот, па се враќаат назад. Лоша е состојбата, ако не се реши случајот за брзо целата зграда ќе зовиеме дома со глувци. Незидржливо е веќе. Се штити правото на сопственост за станот на старицата, а што е со нашите животи, кој ќе не заштити нас, каде ние треба да одиме, да се преселиме?, револтирано реагира станар од зградата за АПЛА.
Уште во април 2024 година по откривањето на случајот во јавноста командирот на Пожарната во Битола предупреди дека институциите треба што поскоро да ја решат ситуација додека не дошло до не дај боже пожар.
текст и фото Анета Блажевска

фото од станот во 2024 година


балконот од станот на старицата
